28 May 2014

Шестостихија на осумте гласа

Во грчките Октоиси, на крајот од секој глас постојат кратки поеми, составени секоја од шест дванаестерци, кои ги опишуваат карактеристиките на гласовите. За жал, никогаш не биле преведени на Црковнословенски (колку што ми е мене познато). За прв пат ги објавуваме на Македонски јазик.

Песнописецот ракоплеска со восхит:
о, достоинство, прв давајќи ти почит!
Се нарече на музиката глас први,
благословен од нас со првите слова.
Првина носиш во уделот свој, први,
првенство на победа секогаш водиш.

Иако по чинот второ место зеде,
прв си кој со сладост медни реки течеш.
Твоите напеви, преслатки и медни
коските ги хранат, срцето го сладат.
Сирените мора да пееле втори,
зашто нема од него помеден мелос.

Иако си трет, по звук на машка сила
близок си со првоначалниот, Трети.
Итар, прост и јасен, машки храбар, Трети,
се покажа, сега чест и од нас носиш.
Множества водиш истобројни ти, Трети,
ти прилега почит на хармоничен глас.

Празничен и песнен, желание си ти,
Четврти, на секој најмузички избор.
Играорците ги примаш и ги калиш,
гласови наградуваш, кимвали ѕвониш.
Тебе, Четвртиот, слаткогласен многу,
те сакаат сите на оро што одат.

Тажачки, на жалосливите си извив,
но знаеш и да играш добро, ем стројно.
Музичкиот разум, кој вештина знае,
зар нема да те стави водач на сите?
Петти си по честа, но единствен и прв,
и наречен си така, на плагалните врв.

Шести песнословец, но најпрв од сите,
иако во вторите наречен си втор.
Двојно од насладите секогаш носиш,
а стоиш втор по чест ти во вториот дел.
Шести слаткострунен, со звук како штурец,
сладок си и меден, кој не би те љубел?

Прилежен звук за вооружена чета,
од тежината призив достојно носиш.
Едноставен глас, со тешко име, Седми,
мразиш да искажуваш помисли со крик.
Со машка песна шумиш, во вторите трет,
разнообразен, на едноставни другар.

Печат на гласовите, плагален четврт,
во себе го носиш најдобриот мелос.
Звуците ги шириш на секоја песна,
круна на гласовите бивајќи и крај.
Врв на звуците и гласовите, Осми,
вторпат те нарекувам врвен, красен крај.

25 April 2014

Солунско „Тело Христово“, кратко

Тело Христово како што се пее во Богословскиот факултет во Солун. Стиховите се од Синајскиот канонар од 9ти век.

Преземете од овде.

15 March 2014

Непишан типик

Според псалтикијното предание, секој ден и празник има одреден глас на кој ги пееме херувимските песни (на истиот глас се пее и Канонот на евхаристија во поново време, бидејќи традицијата тој да се пее само на глас Клитон е веќе одмината) и причесните, а во некои денови и славословијата. Дел од тоа предание е запишано во псалтикијните книги, но поголемиот дел се предава од учител на ученик, односно само преку постојано учество во светите богослужби. Сега запишано, го предаваме на нашите читатели за да преуспеваат во нивната ревност кон исполнување на светите богослужби во полно светоотечко предание.

Можете да го преземете од овде

22 January 2014

Канон на Евхаристија на Македонски, гл. 5ти

Благодарение на благочестивиот придонес на г-дин Панајотис Сомалис, протопсалт на храмот на светите Константин и Елена во Перистери, Атина.

Преземете од овде