28 May 2014

Шестостихија на осумте гласа

Во грчките Октоиси, на крајот од секој глас постојат кратки поеми, составени секоја од шест дванаестерци, кои ги опишуваат карактеристиките на гласовите. За жал, никогаш не биле преведени на Црковнословенски (колку што ми е мене познато). За прв пат ги објавуваме на Македонски јазик.

Песнописецот ракоплеска со восхит:
о, достоинство, прв давајќи ти почит!
Се нарече на музиката глас први,
благословен од нас со првите слова.
Првина носиш во уделот свој, први,
првенство на победа секогаш водиш.

Иако по чинот второ место зеде,
прв си кој со сладост медни реки течеш.
Твоите напеви, преслатки и медни
коските ги хранат, срцето го сладат.
Сирените мора да пееле втори,
зашто нема од него помеден мелос.

Иако си трет, по звук на машка сила
близок си со првоначалниот, Трети.
Итар, прост и јасен, машки храбар, Трети,
се покажа, сега чест и од нас носиш.
Множества водиш истобројни ти, Трети,
ти прилега почит на хармоничен глас.

Празничен и песнен, желание си ти,
Четврти, на секој најмузички избор.
Играорците ги примаш и ги калиш,
гласови наградуваш, кимвали ѕвониш.
Тебе, Четвртиот, слаткогласен многу,
те сакаат сите на оро што одат.

Тажачки, на жалосливите си извив,
но знаеш и да играш добро, ем стројно.
Музичкиот разум, кој вештина знае,
зар нема да те стави водач на сите?
Петти си по честа, но единствен и прв,
и наречен си така, на плагалните врв.

Шести песнословец, но најпрв од сите,
иако во вторите наречен си втор.
Двојно од насладите секогаш носиш,
а стоиш втор по чест ти во вториот дел.
Шести слаткострунен, со звук како штурец,
сладок си и меден, кој не би те љубел?

Прилежен звук за вооружена чета,
од тежината призив достојно носиш.
Едноставен глас, со тешко име, Седми,
мразиш да искажуваш помисли со крик.
Со машка песна шумиш, во вторите трет,
разнообразен, на едноставни другар.

Печат на гласовите, плагален четврт,
во себе го носиш најдобриот мелос.
Звуците ги шириш на секоја песна,
круна на гласовите бивајќи и крај.
Врв на звуците и гласовите, Осми,
вторпат те нарекувам врвен, красен крај.

25 April 2014

Солунско „Тело Христово“, кратко

Тело Христово како што се пее во Богословскиот факултет во Солун. Стиховите се од Синајскиот канонар од 9ти век.

Преземете од овде.

15 March 2014

Непишан типик

Според псалтикијното предание, секој ден и празник има одреден глас на кој ги пееме херувимските песни (на истиот глас се пее и Канонот на евхаристија во поново време, бидејќи традицијата тој да се пее само на глас Клитон е веќе одмината) и причесните, а во некои денови и славословијата. Дел од тоа предание е запишано во псалтикијните книги, но поголемиот дел се предава од учител на ученик, односно само преку постојано учество во светите богослужби. Сега запишано, го предаваме на нашите читатели за да преуспеваат во нивната ревност кон исполнување на светите богослужби во полно светоотечко предание.

Можете да го преземете од овде

22 January 2014

Канон на Евхаристија на Македонски, гл. 5ти

Благодарение на благочестивиот придонес на г-дин Панајотис Сомалис, протопсалт на храмот на светите Константин и Елена во Перистери, Атина.

Преземете од овде

17 January 2014

Збирка на словенски псалтики

Оваа збирка е преземена од страницата Аналогион.гр, каде е поставена благодарение на г-дин Душан Радосављевић и неговите извори. Книгите се симнуваат со непосредна врска до изворот.

- Илия Атанасов:
  
Страстна седмица и Пасхата, И. Атанасов, 1941

Книга 1, Страстна седмица и Пасхата
Книга 2, Цветособрание от Вечернята, Утрената и Божествената Литургия
Преземете во ПДФ од овде (48МБ)

- Тодор Икономов
  
Песнопение, Т. Икономов, 1872
Краток воскресник и Цветособрание
Преземете во ПДФ од овде (28МБ)

- Ангел Иванов Севлиевец
  
Ирмология, А. Иванов, 1875
Опширни катавасии, кратки ирмоси, избрани псалми и полиелеи
Преземете во ПДФ од овде (8МБ)

- Жеко Павлов
  
Триод и Пентикостар, Ж. Павлов, 1907
Преземете во ПДФ од овде (34МБ)

- Петър Сарафов
  
Ръководство, П. Сарафов, 1912
Опширен педагошки дел со историја, житие на свети Јован Кукузел, „Парахордний станъ“, вежби, избрани дела од Утрената, Литургијата и слаткогласни ирмоси.
Преземете во ПДФ од овде (86МБ)

- Манаси Поп Теодоров
  
Псалтикийна Литургия, М. Поп Теодоров, 1905
Преземете во ПДФ од овде (12МБ)
  
Псалтикийни Треби, М. Поп Теодоров, 1911
Преземете во ПДФ од овде (5,7МБ)
  
Псалтикиен Воскресник, М. Поп Теодоров, 1914
Преземете во ПДФ од овде (9МБ)
  
Псалтикиен Минейник, М. Поп Теодоров, 1992 (фототипно издание)
Преземете во ПДФ од овде (57МБ)
  
Псалтикиен Триод (и Пентикостар), М. Поп Теодоров, 1992 (фототипно издание)
Преземете во ПДФ од овде (76МБ)
  
Псалтикийна Утреня, М. Поп Теодоров, 1992 (фототипно издание)
Преземете во ПДФ од овде (40МБ)

- Николай Триандафилов
  
Цветособрание на Литургията, Н. Триандафилов, 1847
Преземете во ПДФ од овде (104МБ)
  
Цветособрание на Вечернята и Утренята, Н. Триандафилов, 1847
Преземете во ПДФ од овде (5МБ)
  
Воскресник, Н. Триандафилов, 1847
Преземете во ПДФ од овде (80МБ)